Top Sport

Салах се повлекува од репрезентацијата

Мохамед Салах, ееден од најдобрите играчи во светот, серизно размислувал да се повлече од репрезентацијата на Египет.

„Фараоните“ не успеаја да се пласираат на Светското првенство во Катар. Сенегал ги елиминираше по изведувањето на пенали. Два месеци претходно, Египет од Сенегал, исто така на пенали, доживеа пораз во финалето на Африканскиот куп.

По елиминацијата од Сенегал, Салах дал изјава од која може да се извлече заклучок дека тој повеќе нема да игра за Египет.

„Можноста да играм со вас за мене претставува гордост и чест, така ќе биде и во иднина без оглед на тоа да ли ќе бидам со вас или не“, рекол фудбалерот на Ливерпул.

Фудбалскиот сојуз на Египет, по натпреварот вложи жалба до ФИФА, бара да се повтори реваншот со Сенегал, бидејќи навивачите на Сенегал со ласери ги попречуваа Салах и соиграчите во изведувањето на пеналите.

Scroll to Top