Мохамед Салах и покрај тоа што беше еден од главните кандидати за Златната топка, во изборот заврши дури на седмото место. Наградата му припадна на Лионел Меси.
Три месеци по доделувањето, играчот на Ливерпул, реши да го коментира изборот за Златната топка.
„Верувајте бев шокиран кога видов дека сум на седмото место“, рекол Салах и дополнил.
„Не би сакал да зборувам за некакви теории на заговор, тоа не би било фер кон наградените. Само ме интересира на кој начин одредени земји бираа и ги даваат гласовите, мислам дека тука се кријат изненадувачки резултати“.