Mохамед Салах е во искушение за трансфер во Пари Сен-Жермен или во некој од шпанските фудбалски гиганти, продолжувајќи ја неизвесноста околу новиот договор со Ливерпул, тврди „Телеграф“, кои додаваат дека „црвените“ на крајот можат да се решат да го продадат за да избегнат да го загубат бесплатно.
Египетскиот голгетер уште не се обврзал на потпишување на нов договор со Ливерпул, откако сегашниот му завршува во јуни 2023 година, оставајќи можност за трансфер во Барселона или Реал Мадрид или преселба во Пари Сен-Жермен. Оваа сезона тој е најдобар стрелец во Премиерлигата со 22 гола, а беше прогласен и за фудбалер на годината од стрна на англиските новинари.
Од пристигнувањето од Рома во 2017 година, Салах со Ливерпул ја освои Премиерлигата, Лигата на шампионите и Карабао купот. Клубот би сакал да го заддржи на „Енфилд“, посебно откако менаџерот Јирген Клоп го проолжи договорот, меѓутоа нема да ризикува тој да замине бесплатно, тврди „Телеграф“.