Одговарајќи на новинарско прашање за Серхио Рамос и финалето во Лигата на шампионите, Мохамад Салах рекол дека е во ред доколку некој фудбалер ве расплаче, а потоа ве насмее.
Репрезентативец на Египет, поради повреда, во големото финале во Лигата на шампионите, одигра само 30 минути.
Тој го повреди рамото по еден дуел со Серхио Рамос. Дефанзивецот на Реал неколку денови по натпреварот рекол дека доколку сакал Салах можел да прими инјекција против болки и да го продолжи мечот.
„Мојот коментар е дека е во ред доколку некој најпрвин ве расплаче, а потоа ве насмее“, изјавил Салах за „Марка“, коментирајќи ја изјавата на Рамос дека напаѓачот на Ливерпул прв го фатил за раката и започнал да го влече.
Рамос потоа му испратил порака на Салах за да се увери дека тој е добро, но според играчот на Ливерпул никогаш не му напишал дека се е во ред.
На прашањето дали е тоа најтешкиот момент во неговата кариера, Салах рекол:
„Да беше. Кога паднав на тревата чувствата ми беа измешани. Прво помислив дека нема да можам да го продолжам натпреварот, а потоа низ главата ми помина мислата дека можеби ќе го пропуштам мундијалот. Тоа беа лоши мисли“.
Салах ќе биде подготвен за СП во Русија, но најверојатно ќе го пропушти првиот меч на Египет против Уругвај.
„Ова е прв пат по 28 години да играме на СП. Тоа не е нормално бидејќи ние бевме шампиони на Африка во 2006, 2008 и 2010 година…Нормално е континенталниот шампион да игра на СП“, рекол Салах.