Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ги обвинил челниците на Фудбалскиот сојуз на Египет дека ги игнорирале неговите жалби за недозволената употреба на неговите фотографии.
Салах, повеќе од еден месец е во континуирана расправија со челниците на Сојузот, а тензии имаше и за време на Светското првенство во Русија. Поради лошите односи што ги има со челниците на Сојузот, бројни медиуми шпекулираат дека Салах би можел да ја заврши кариерата во репрезентацијата.
„Нормално е дека Сојузот треба да најде начин да ги решава проблемите на фудбалерите. Но она што јас го гледам е дека од Сојузот го прават спротивното. Дали е можно да ги игнорираат моите пораки и пораките на мојот адвокат. Не знам зошто ова се случува? Навистина немате време да одговорите на пораките?“, напишал Салах на „Титер“.
Твитот на Салах масовно бил потоа поделен во Египет каде тој има статус на вистински херој.
Спорот започнал во април, кога фотографија на Салах, била поставена на авионот на египетската репрезентација. Поставувањето на фотографијата ја обезбедил официјалниот спонзор на националниот тим, телекомуникациската мрежа „ВЕ (WE)“. Инаку, Салах, има спонзорски договор со ривалската компанија „Водафон (Vodafone)“.
Министерот за спорт на Египет рекол дека барањата на Салах ќе бидат исполнети, а дури и претседателот на државата Абдел Фатах ел-Сиси наредил брзо решавање на несогласувањата.
Од Фудбалскиот сојуз на Египет излегоа со став дека на писмото на што го упатил Салах било одговорено уште на 16.август, со ветување дека ги бидат разгледани неговите барања.