Top Sport

Салернитана по трансферот на Рибери демантираат дека го сакаат и Давид Луиз

Новиот италијански прволигаш, Салернитана ја отфрли можноста да го донесат поранешниот дефанзивец на Арсенал и Челси, Давид Луиз, откако го комплетираа трансферот на францускиот ветеран, Франк Рибери.

Спортскиот директор на клубот, Анџело Фабијани вели дека преодниот рок за клубот од јужна Италија, кој се врати во Серија А по 23 години, е завршен со потписот на 38-годишниот Рибери.

„Би сакал да му се заблагодарам на агентот на Франк, Давиде Липи кој му објасни што значи да се игра за Салернитана. Со Франк, нашиот преоден рок завршува. Мислам дека направивме доволно, и дека целта е јасна – да се остане во првата лига“, изјави Фабијани.

Луиз е слободен играч и иако се верува дека Фламенго во Бразил е заинтересиран за неговите услуги, тој би сакал да остане во Европа, каде што беше поврзуван со Бенфика и со Олимпик Марсеј.

Scroll to Top