Top Sport

Салгадо во Египет ќе ја започне тренерската кариера

Поранешниот десен бек на Реал, Мичел Салгадо, во Египет ја започнува својата тренерска кариера. Салгадо станал помошен тренер во фудбалската репрезентација на Египет, чии селектор е Мексиканецот Хавиер Агире.

Мичел Салгадо е продукт на школата на Селта, а дресот на Реал го носел цела деценија, од 1999 до 2009 година. Со „кралскиот клуб“ освоил четири пехари во Ла Лига, два во Лигата на шампионите, односно три Суперкупа на Шппанија и по еден Интерконтинетален куп и Суперкуп на Европа.

Во кариерата покрај во Селта и Реал, тој три сезони играл во Белкбурн, а една сезона минал во Панама, во Индепендиенте.

На тренерската клупа, покрај селекторот Агире, Мичел Салгадо ќе дебитира в сабота, во квалификацискиот меч за пласман на Купот на Африка, помеѓу Египет и Нигер.

Scroll to Top