Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ е презадоволен откако неговиот клуб стигна до 2:0 победа на гости кај Шалке во Гелзенкирхен со што Баварците имаат четири победи на стартот на Бундеслигата. Сепак, тоа нема да значи „опуштање“ на правилата за пиење алкохол.
Во Минхен во тек е Октоберфест, традиционалниот фестивал на пивото, но Баерн веќе во вторник го пречекува Аугзбург, и Салихамиџиќ беше запрашан дали ќе им биде дозволено да пијат пиво.
„Можеби само ’радлер’“, се насмеа Салихамиџиќ, посочувајќи на мешавината на пиво и безалкохолен пијалок.