Top Sport

„Сами сме виновни за она што ни се случува“

Арсенал не успеаја да забележат победа и во петтиот последовен меч на домашен терен. Тимот на Микел Артета, не успеа да слави над Саутемптон (1:1). Арсенал на последните пет натпревари на домашен терен има освоено само еден гол.

Целиот тим на Арсенал е во лоша форма, исклучок е голманот Бернд Лено. Коментирајќи ја актуелната ситуација во тимот, Германецот рекол дека вината е кај играчите.

„Тренерот е најмалата причина за ситуацијата во која се наоѓаме. Ние шетаме по теренот, ние сме виновниците. Имаме лош пристап, нема дисциплина во тимот. Мораме овие работи да ги решиме меѓу нас, во соблекувалната“, рекол Лено.

Арсенал, по 13 натпревари се наоѓаат на 15 место на табелата, во Премиер лигата, со освоени 14 поени.

Scroll to Top