Top Sport

Само бод за Јувентус на „Артемио Франки“ (Видео)

Јувентус освоија само еден бод на гостувањето во Фиренца. Во рамките на третото коло во Серија А Фиорентина и Јувентус одиграа 0-0.

Маурицио Сари, откако ги пропушти првите две средби на своите фудбалери, дебитираше во Фиренца, но нема долго да се сеќава на овој натпревар. Неговите играчи одиграа просечен меч, висока оценка заслужува голманот Шчесни, а главоболка на тренерот му задава повредата на Пјаниќ.

На крајот во Фиорентина треба да бидат незадоволни од крајниот исход. Екипата на Монтела упати 15 удари, осум од нив во рамките на голот на Шчесни.

Интересно ова е првиот бод за Фиорентина оваа сезона, додека Јувентус има седум бода.

Scroll to Top