Top Sport

Само чудо ја „спасува“ Барса – пак казна во Баварија

Барселона е на 45 минути од „селење“ во Лига Европа, откако на празната „Алијанц арена“ губат со 2:0 од Баерн Минхен, а во исто време Бенфика има 2:0 водство против Динамо Киев, што значи дека мораат да дадат барем три гола во вторите 45 минути за да обезбедат место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Роберт Левандовски се поигра со одбраната на Барса, а Томас Милер со глава ја смести топката во голот во 34. минута од мечот, по што Лирој Сане во 43. минута ги „дотепа“ со прекрасен гол.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА Е

Баерн Минхен – Барселона 2:0

Бенфика – Динамо Киев 2:0

ГРУПА Ф

Аталанта – Вилјареал одложено

Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1:1

ГРУПА Г

Ред бул Салцбург – Севилја 0:0

Волфсбург – Лил 0:1

Scroll to Top