Тешко дека е забележан случај кога еден голман ќе прими двоцифрена бројка голови и ќе си замине од теренот со овации и аплаузи, но тоа му се случи на 15-годишниот Ед Хјуитсон во меч од англиските ниски лиги во саботата навечер.
Тимот на Мертир Таун, за кој настапува Хјуитсон, пред гостувањето кај Чешам јунајтед загуби три четвртини од тимот откако поради финансиски проблеми велшкиот тим мораше да ги отпушти фудбалерите за да го намали буџетот. Така, Мертир го прати младинскиот тим против Чешам и губеше со 4:0 по 15 минути, со 9:0 на полувреме и конечно со 13:1 на крајот на мечот.
Сепак, човек на мечот беше прогласен 15-годишниот голман Хјуитсон, кој покажа борбен дух, посебно во второто полувреме. Мертир постигна утешен гол во последните минути и тимот славеше со малата група на фанови кои пристигнаа во Чешам. Инаку Мертир е клуб во целосна сопственост на фановите.
Само во фудбалот.
Apologies for some of the language but important to post this. Tremendous effort by everyone pic.twitter.com/UYp2uee4FG
— The Martyrs (@MerthyrTownFC) November 18, 2017