Според „Спорт медијасет“, Интер се единствениот клуб кој е заинтересиран да потпише договор со капитенот на Аталанта, Алехандро Папу Гомез, нудејќи го Матијас Весино во „трампа“, иако претседателот на клубот од Бергамо, Антонио Перкаси не се откажал од обидот да го убеди Аргентинецот да остане во клубот.
Тренерот Џанпјеро Гасперини го исклучи Гомез од последните два меча во Серија А против Рома и Болоња поради конфликтот кој започна на мечот од ЛШ против данскиот Митјиланд, и Аргентинецот најави дека ќе ја открие својата вистина кога ќе замине од клубот.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио пак, неодамна призна дека Гомез е играч „каков што секој клуб ќе посака“, но инсистираше дека нема да го турка носот во други клубови. Според „Медијасет“, Аталанта поставиле сума од 10 милиони евра а ветеранот, а Интер го нудат Весино како замена.