Top Sport

Само од пенал Салцбург и Севилја можат да постигнат гол

Фудбалерите на Салцбург и Севилја на неверојатен начин го отворија натпреварите, кои ги играат во Г-групата, во Лигата на шампионите. Во првите две кола, овие два тима постигнале пет гола, сите со удари од белата точка. Ова е единствен случај во Лигата на шампионите.

Меѓусебниот дуел, во првото коло на „Рамон Санчез Писхуан“, заврши 1:1. За Салцбург на овој натпревар беа досудени три најстроги казни.

Синоќа, Салцбург двата гола против Лил ги постигна со удари од белата точка, а пенал ја спаси Севилја од пораз кај Волфсбург.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');