Фудбалската репрезентација денес ги започнува подготовките за квалификациските натпревари против Словенија и Полска.
На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“, селекторот Игор Ангеловски најави офанзивна игра и победа против Словенците, кои се втори на табелата во групата, зад Полска, а пред Австрија, Македонија, Израел и Латвија.
„Против Словенија ќе играме офанзивно, одиме на победа, поинаку и не знаеме да играме. Се надевам дека со поддршката од трибините ќе го одиграме најдобриот меч во квалификациите. Се соочуваме со одредени проблеми околу составот, но нема да се жалиме. Верувам во оние што ќе настапат“, рекол селекторот.
Македонија ќе ја пречека Словенија в четврто од 20.45 часот, а во истиот термин избраниците на Ангеловски ќе гостуваат во Полска на 13 октомври.