Top Sport

Само потписот го дели Бенитез од клупата на Евертон

Рафа Бенитез наскоро ќе биде промовиран во нов менаџер на Евертон. Шпанецот, утрово пристигнал во тренинг-центарот на клубот. Според медиумите тој ќе потпише тригодишен договор.

Евертон останаа без менаџер кога Карло АНчелоти реши да ја прифати понудата од Реал Мадрид.

Бентитез ќе го наследи Анчелоти, иако навивачите на Евертон имаат јасен став дека не сакаат тој како поранешен тренер на Ливерпул, да го предводи нивниот тим.

Рафа Бенитез ќе биде петтиот менаџер на Евертон во последните пет сезони.

Шпанецот во кариерата бил тренер на Валенсија, Ливерпул, Интер, Челси, Наполи, Реал, Њукасл и Далијан.

Scroll to Top