Top Sport

Само Реал и Баерн се пред Милан во 2020 година

Фудбалерите на Милан зад себе имаат фантастична година. Ниту најголемите оптимисти не можеа да претпостават дека клубот крајот на годината ќе го дочека на првото место во Серија А.

Милан во 2020 година освоиле вкупно 79 бодови, во Европа подобри од нив се само Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Реал одиграле 35 натпревари и освоиле 82 поени, Баерн освоиле ист број на поени но од само 30 одиграни натпревари.

На позицијата број 4 се Ливерпул (34 натпревари, 76 поени), а потоа се Порто (30 натпревари, 69 бодови) и ПСЖ ( 26 натпревари, 56 бодови).

 

Scroll to Top