Поранешниот капитен на Рома, Даниеле де Роси, кој на контроверзен начин си заминува од римскиот клуб откако не му беше понуден нов договор, според италијанските медиуми ги одбил понудите на Милан и Фиорентина.
На официјалното барање од Фиорентина да дојде на разговор, Де Роси вратил со одговор дека не планира да направи трансфер во клуб од Серија А поради „длабоката почит“ кон Рома.
Де Роси, кој следниот месец ќе наполни 36 години, во моментов е на одмор и најави дека ќе ја направи конечната одлука за иднината наскоро. Бока јуниорс во Аргентина и Лос Анџелес ФЦ од САД веќе пратиле официјални понуди за поранешниот италијански репрезентативец, но постои и можноста тој да се повлече од фудбалот.