Top Sport

Само Зидан знае каква ќе биде идинината Бејл

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, рекол дека од Реал Мадрид зависи каде ќе ја продолжи кариерата Герет Бејл. Велшанецот, оваа сезона како позајмен игра на Реал, настапува во Тотенхем.

Бејл на последните неколку натпревари најави дека би можел да се врати во препознатливата форма. Поради тоа новинарите, во пресрет на мечот Фулам-Тотенхем, го прашале Мурињо дали Бејл ќе остане во Лондон и наредната сезона.

„Контактирајте ги вашите колеги во Мадрид, тие нека му го постават ова прашање на Зинедин Зидан, бидејќи Бејл не е наш играч. Значи Реал ќе го има последниот збор. Ние само се обидуваме да го извлечеме најдоброто од фудбалерот кого го позајмивме. Ако ве интересира каква е иднината на Бејл, тогаш ќе треба да му се обратите на Зидан“, рекол Мурињо.

Scroll to Top