Top Sport

Самп со победа, Венеција поблиску до Серија Б

Ветеранот Франческо Капуто постигна два гола за Сампдорија да стигне до 2:0 победа на гостувањето кај Венеција, за домаќините да ги доближи до враќање во Серија Б.

Капуто прво во 24. минута доби подарок од голманот на Венеција, Финецот Ники Манпа за да ги донесе гостите во водство, за потоа во 38. минута од мечот по една лоша грешка на одбраната на Венеција да го осигура победничкиот гол.

Самп ја прекинуваат низата од три порази и сега се на 15. место со 29 поени, додека Венеција се на 18. место со 22 поени, три зад Каљари во безбедната зона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top