Top Sport

Сампаоли: Аргентина страда ако Меси не се чувствува сигурно

Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли вели дека клучот за успех на неговата репрезентација во Русија е капитенот Лео Меси да се чувствува сигурно на теренот.

Меси го постигна првиот гол, а Маркос Рохо во финишот на натпреварот ја обезбеди драматичната 2:1 победа над Нигерија за „албиселесте“ да влезат во осминафиналето, каде што ќе играат со победниците на групата Ц, Франција.

Сампаоли користеше трета различна тактика против Нигерија за да извлече максимум од Меси по 1:1 ремито со Исланд и 3:0 поразот со Хрватска. Тој беше критикуван од поранешни фудбалери како Диего Марадона, но вели дека нема да се правда за својата тактика околу Меси.

„Кога Лео дојде и ме гушна тоа ме направи многу горд бидејќи тој знае колку страст давам во мојата работа. Имав шанси да патувам со него и да споделам вакви моменти. Тој ме познава многу добро и знае дека имам сон да направам нешто значајно со Аргентина. Неговата позиција во тимот – со три играчи за среден ред и Лео на десната страна за да се создадат повеќе додавања во внатрешниот дел беше исправна. Бев задоволен со Евер Банега, Енцо Перез, Хави Маскерано и Лео, бидејќи тие не дозволија многу игра за нашите противници. Тренер кој го познава Лео знае дека сите околу него треба да го направат да се чувствува сигурен за тој да креира шанси“, објаснува Сампаоли.

Фото: ЕПА

Аргентина не е мртва! Рохо за осминафинале!

Scroll to Top