Хорхе Сампаоли повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина. Сампаоли не успеа да ја оствари целта со „гаучоситe“ на Светското првенство, поради што навивачите и јавноста ја браа неговата оставка.
Најомразената личност во Аргентина, во изјавите по мундијалот, потенцираше дека нема намера да ја напушти функцијата, а медиумите тврдеа дека за да замине тој бара од Фудбалската федерација на Аргентина да го исплати до крај неговиот договор.
Сампаоли имаше договор до 2022 година и барал Федерацијата да му исплати девет милиони долари.
На крајот двете страни постигнале решение, Сампаоли да замине од функцијата, а Федерцацијата да му исплати два милиони долари.