Top Sport

Сампаоли ќе се степаше со полицаец (видео)

Аргентинскиот селектор, Хорхе Сампаоли мораше да биде спречуван од неговите пријатели откако влезе во конфликт со полицијата на еден семафор, навредувајќи го полицаецот кој го сопре при враќањето од свадбата на неговата ќерка Сабрина.

Според аргентинските медиуми, Сампаоли ги загубил нервите откако му било кажано дека еден од осумте патници во „Форд фокусот“ мора да излезе. По ова Сампаоли ги губи нервите.

„Ме тераш да одам два блока пешки, идиоту. Заработуваш 100 пезоси месечно, идиоту“, му вели Сампаоли на полицаецот. 100 пезоси се околу 5 евра.

Инцидентот се случи во 5.30 часот наутро во Касилда, родниот град на селекторот во провинцијата Санта Фе. Тој по инцидентот пешки стигнал до центарот на градот и до хотелот „Куатро плазас“.

Аргентинските медиуми не беа добро настроени кон селекторот, и дел од нив тврдеа дека тој бил во алкохолизирана состојба. Според весникот „Ла капитал“, неговиот брат Марсело подоцна телефонски се јавил во полицијата да се извини.

Scroll to Top