Top Sport

Сампаоли не го составува тимот, тоа го прават менаџери и новинари

По вчерашниата шокантна изјава на аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли дека мали се шансите Паоло Дибала и Мауро Икарди да бидат во тимот што ќе патува на мундијалот во Русија, на Твитер се јави братот на Дибала.

„Репрезентацијата на Аргентина не ја составува селекторот Хорхе Сампаоли туку моногубројните менаџери и новинари“, напишал на Твитер Маријано, братот на Дибала, кој воедно е и негов менаџер.

Маријано неколку часа по објавувањето го избришал својот твит.

Инаку, ден претходно Сампаоли, на прес конференцијата пред вечерашниот пријателски натпревар против Италија во Манчестер рекол:

„Дибала и Икарди не се дефинитвно отпишани, меѓутоа тие во репрезентацијата играат многу полошо отколку што тоа го прават во клубовите“.

Целата ситуација ја искористија и италијанските медиуми кои пишуваат дека Дибала погрешил во 2014 година кога одбил да го прифати повикот на Антонио Конте да заигра за Италија.

Дибала тогаш го одбил повикот со образложение дека тој има и италијанско државјанство и дека неговата прабаба е Италијанка што емигрирала во Аргентина, но дека единствена репрезентација за него е аргентинската.

Сампаоли: Аргентина не е мој тим, туку на Меси

Scroll to Top