Градското дерби на Џенова во 16 коло, во Серија А, заврши со победа на екипата на Сампдорија. Кај Џенова поради суспензија не играше Горан Пандев.
Џенова и Сампдорија одиграа здодевен натпревар, без многу шанси, а Сампдорија до победата стигна од првиот удар во рамките на противничкиот гол. Трите бода на тимот што го предводи Клаудио раниери му ги донесе габијадини во 85 минута.
Со четвртата победа во сезоната Сампдорија стигна до 15 поен, колку што имаат и Сасуоло, Лече и Удинезе. Сампдорија се наоѓа на 15 место на табелата, додека Џенова остана на претпоследното место со само 11 бодови.