Сампдорија успеа да се врати од раното водство на гостите од Модена за да стигне до 2:1 победа над СПАЛ, нивна трета во новата сезона, по која се на осмото место во Серија А.
Алберто Палоски во 21. минута ја искористи слабата одбрана на Аудеро за да донесе изненадувачка предност за гостите, но Самп се врати бргу кога Полјакот Карол Линети постигна прекрасен гол од одбиена топка во 25. минута.
Трите поени останаа на „Луиџи Ферарис“ во 60. минута, кога прво Кваљарела се обиде, пред Грегоар Дефрел да ја добие одбиената топка и да го постави конечниот резултат. СПАЛ по одличниот старт на сезоната има три порази во низа.
Фото: ЕПА