Top Sport

Сампдорија сега бара 30 милиони евра за Дамсгард

Сампдорија сака убаво да заработи на данскиот репрезентативец, Микел Дамсгард по интересот на Барселона и Тотенхем, одредувајќи цена од 30 милиони евра, објавува „Ла газета дело спорт“.

20-годишниот Дамсгард, кој го постигна првиот (фантастичен) гол при 4:1 победата на Данска над Русија во понеделникот, пристигна во Италија од Нодсјеланд за 6.5 милиони евра во 2020 и имаше 35 настапи и 2 гола во првата сезона во Серија А.

„Блучеркијати“ се надеваат дека ќе го убедат Дамсгард да остане уште една сезона во Џенова, пред потенцијалниот трансфер следната година.

Scroll to Top