Алексис Санчез постигна гол од пенал во 92. минута од мечот, за Арсенал да стигне до важна 0:1 победа на гостувањето кај Барнли.
„Топчииите“ имаа повеќе од играта во текот на целиот меч, но мораа да чекат до последните секунди од мечот, кога Џејмс Тарковски го турна Арон Ремзи, а судијата Ли Мејсон покажа на белата точка.
Сигурен беше Санчез, Чилеанецот околу кого последните месеци се шпекулира дека е на „излезна врата“ од Арсенал. Со победата , Арсенал скокна на четвртото место во Премиер лигата (и ги прескокна лутите ривали Тотенхем), со 25 поени, еден помалку од третопласираниот Челси и девет помалку од лидерите Манчестер сити, кои играат со Хадерсфилд.