Борусија Дортмунд нема да го продадат Џејдон Санчо во летниот преоден рок. Англискиот тинејџер блесна оваа сезона и го привлече вниманието на неколку големи европски тимови, а најзаинтересирани за неговите услуги се Манчестер Јунајтед.
Цената на Санчо е околу 100 милиони евра, Јунјтед можат да ја платат, но спортскиот директор на Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке ја отфрли можноста за трансфер.
„Брилијантно напредува, за своите години игра извонредно, меѓутоа ние мораме да биде внимателни со него. Треба на сите да им е јасно дека момчето има 19 години. Не му е дозволено да го изгуби фокусот од теренот ниту за еден милиметар. За да стане најдобар треба целосно да му е посветен на фудбалот. Погледнете го Кристијано Роналдо…На врвот е бидејќи покрај талентот неговиот фокус е огромен. Доколку се огледа на него тогаш ќе говориме за светска кариера, сега тој е само еден талентиран фудбалер“, рекол Вацке.