Top Sport

Санчо стартер за Јунајтед во пријателски меч зад затворени врати

Џејдон Санчо првпат бил стартер за Манчестер јунајтед при 3:1 победата над Барнли во изненадувачки пријателски натпревар зад затворени врати на „Олд Трафорд“.

Санчо влезе од клупата при 5:1 победата над Лидс во првиот меч од сезоната, но резултатот веќе беше одлучен, и сега Солскјер организираше натпревар за тие кои имаат малку подготовки ова лето. Рафаел Варан не бил пуштен во игра, иако во понеделникот почна да тренира со своите соиграчи.

Според Јунајтед во стартниот тим биле Том Хитон, Диого Далот, Ерик Баји, Хери Мегваер, Брендон Вилијамс, Немања Матиќ, Дони ван де Бек, Хуан Мата, Џејдон Санчо, Џеси Лингард и Антони Марсијал.

Арон Ленон им донел водство на Барнли по 10 минути игра, но само пет минути подоцна, Марсијал по асистенција на Мегваер израмнил. Марсијал потоа му асистирал на Лингард за вториот гол, пред Фред, кој влегол како замена во второто полувреме да ги постави конечните 3:1.

Scroll to Top