Top Sport

Санчо, Винисиус, па Кин – најскапите фудбалери до 20 години (фото)

„Трансфермаркет“ ја објави листата со најскапите фудбалери помлади од 20 години кои настапуваат во петте најсилни фудбалски лиги во Европа (Германија, Франција, Италија, Шпанија, Англија).

Играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо (19) е на врвот на оваа листа. Тој е проценет на 100 милиони евра.

Второто место е за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, кој според „Трансфермаркет“ вреди 70 милиони евра.

На третата позиција, со вредност од 40 милиони евра се најде Италијанецот Моисе Кин. Тој оваа сезона го носи дресот на Евертон.

Останатата фудбалери кои ја сочинуваа првата десетка се Англичаните Сесењон, Ходсон-Одои и Фоден, потоа италијанската надеж Тонали, Шпанецот Торес, Давид од Канада и Алмендра од Аргентина.

Scroll to Top