Top Sport

Сандерленд втора сезона по ред испаѓа од лига!

Навивачите на „црните мачки“ можат повторно да очајуваат откако нивниот Сандерленд втора сезона едноподруго испаѓа од лигата, откако катастрофалната сезона во Чемпионшипот денеска им донесе испаѓање во Лига 1.

Сандерленд ги пречекаа Бартон Албион, уште еден тим кој е кандидат за испаѓање на „Стадионот на светлото“, и по голот на Педи Мекнер во првото полувреме се кренаа надежите дека чудо е можно. Но, во 86. минута Бартон израмни преку Дарен Бент, а во судското продолжение стигнаа до неверојатна победа преку Лајам Бојс.

Ова значеше дека првпат од 1988 година, Сандерленд ќе „ужива“ во третолигашки статус, само една година откако играа во Премиер лигата. Маките на клубот се уште поголеми – тие имаат долг од 110 милиони фунти, две домашни победи оваа сезона и просек од 24.000 гледачи на стадион со 48 илјади седишта.

Од другата страна на табелата Виган се приклучува на Вулверхемптон како нов премиерлигаш. За третото место ќе се игра плеј-оф.

Scroll to Top