Менаџерот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман призна дека нивниот напаѓач Сандро Вагнер побарал трансфер во Баерн Минхен.
Вагнер беше дел од академијатана Баерн, но си замина за Дуисбург во 2008 година откако не успеа да најде место во првиот тим. По настапи во уште четири тима, тој дојде во Хофенхајм пред минатата сезона и беше хит во тимот на Нагелсман, со 11 гола минатата сезона, и помогна Хофенхајм да се искачи на четвртото место.
29-годишниот Вагнер исто така доби шанса во германската репрезентација оваа сезона и сега сака голем трансфер во својот домашен клуб.
„Нема ништо друго да се објави освен дека постои интерес. Сите знаат дека Сандро има деца во близината на Минхен, дека Баерн е неговиот клуб од детството и дека веќе не е најмлад. Не му се лутам“, вели Нагелсман.