Top Sport

Сане: Додека играв за Сити, во увото имав мини-Гвардиола кој ми зборуваше

Ѕвездата на Баерн Минхен, Лирој Сане вели дека Пеп Гвардиола поминувал толку време кажувајќи му што да прави на фудбалскиот терен, што во увото имал „мал Гвардиола“ кој му зборувал додека играл фудбал.

И покрај тоа што англиските медиуми шпекулираа дека Сане не се согласува најдобро со Гвардиола, по што реши да замине од Сити по 135 меча и 39 гола, Германецот инсистира дека тоа не е вистина.

„Пеп и јас имавме навистина добар однос. Живеев во истата зграда со Давид Силва, Илкај Гундоган и Пеп, но повеќе пати го гледав неговото семејство. Тој не стоеше на прозорец да гледа кога ќе се вратиме навечер и мислам дека беше одлично да се живее со нив. Пеп ми помогна да достигнам целосно ново ниво. Работејќи на мали работи, со која нога да тргнам во која ситуација, како да отворам простор. И другите тренери ти кажуваат што да правиш, но тој беше толку упорен, што во главата имав мини-Гвардиола кој ми кажуваше што да правам. Да не отидев во Манчестер, немаше да го достигнам тоа“, вели Сане во интервју за „Дер шпигел“.

Scroll to Top