Top Sport

Сане го открива советот на Гвардиола – играј како Меси

Лирој Сане вели дека советот кој го добил од менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола му помогнал да ја помине тешката транзиција во Премиер лигата.

22-годишниот германски интернационалец имаше тежок старт на кариерата во Сити, но сега е клучен дел од составот кој доминира во Премиер лигата и е во осминафиналето на Лигата на шампионите. И тоа сè поради советот на Гвардиола.

„Ми беше потребно време да се ’средам’, да ја запознаам Премиер лигата, луѓето во Англија и моите соиграчи. Морав да ја вратам самодовербата, а Пеп ми кажа да играм слободно како Лионел Меси. Не како Меси навистина, бидејќи тоа е невозможно, но да имам слобода како него, да се забавувам и да играм слободно“, вели Сане во интервју за „Гардијан“.

Гвардиола не ги штеди пофалните зборови за Сане, и тој вели дека ова е највозбудливиот дел од кариерата.

„Никој на почеток не знае колку навистина може да е добар. Ова е возбудлив период за мене и вистински предизвик да дознаам колку добар можам да бидам и како можам да дојдам на највисокото ниво“, вели Сане, кој оваа сезона има девет гола, колку што лани постигна во текот на целата сезона.

Scroll to Top