Top Sport

Сане му е благодарен на менторот: Пеп Гвардиола буквално ме репрограмираше

Лирој Сане веќе го напушти Манчестер сити и потпиша договор со Баерн Минхен, но признава дека чувствува огромна благодарност до поранешниот тренер Пеп Гвардиола кој успеал да го „репрограмира“ и да го направи подобар фудбалер.

Баерн платија 49 милиони евра за германскиот репрезентативец по четири години во Манчестер сити и се тврдеше дека една од причините за заминување била „тешката“ тактика која ја барал Гвардиола, која ја „кратела“ креативноста на Германецот, но Сане вели дека секогаш имал слобода да го покаже најдоброто, освојувајќи две титули од Премиер лигата со „граѓаните“.

„Во позициска игра, во генералната перцепција на играта, и во тактичкото однесување во нападот и во одбраната, Гвардиола буквално ме репрограмираше. Бидејќи понекогаш се работи за мали едноставни движење си помислувате дека нема шанса, но кога ги имплементирате сфаќате дека е во право. Неговите совети секогаш помагаат играта да е полесна и побрза. Таткиката е најважното нешто за него“, вели 24-годишниот Сане за „Кикер“.

Тој додава дека ја направил одлуката за трансфер поради лични причини и желбата да се врати во татковината.

„Не се работеше нешто за Ман сити или за тренерот, дека ја загубив гладта за победи. Се работеше за мое лично чувство дека треба да се вратам во Германија. Тие четири години освоивме многу, но и Баерн освои многу“, додава Сане.

Scroll to Top