Фудбалерот на Манчестер Сити, германскиот фудбалски репрезентативец, Лирој Сане (23) е подготвен да потпише договор со Баерн Минхен, наведува германскиот весник „Кикер“.
Актуелниот шампион на Германија треба уште да ги договори условите со „граѓаните“, а очекувањата се дека младиот офанзивен фудбалер ќе дојде на „Алијанц арена“ за сума од 100 милиони евра.
Сане во 2016 година од Шалке 04 премина во Манчестер Сити за 50,5 милиони евра.
Германскиот репрезентативец минатата сезона одигра 47 меча во сите натпреварувања и постигна 16 голови надополнети со 18 асистенции.
Договорот со Сити му е до 30 јуни 2021 година.
Mercato – Bayern Munich : Un transfert à 100M€ pour Leroy Sané ? https://t.co/uYXsVY44oY pic.twitter.com/mMnXfM2kjU
— le10sport (@le10sport) August 1, 2019