Шпанскиот фудбалер, Санти Мина, се соочува со долго годишна затворска казна. Судскиот процес во кој Мина и уште еден помалку познат фудбалер, Давид Голдар, беа обвинети за силување, вчера го доби својот епилог.
Судијата побарал Мина осумгодишна затворска казна за фудбалерот на Селта од Виго.
Мина и Голдар пред шпанскиот суд го негираа обвинението.
Конечната пресуда ќе биде донесена наредната недела. Доколку пресудата биде потврдена тоа веројатно ќе значи крај на професионалната кариера за 26-годишниот напаѓач.
Мина, во 2013 година дебитирал за Селта, две години подоцна се пресели во Валенсија, а во Виго се врати во 2019 година. Во кариерата одиграл 263 натпревари, постигнал 63 голови.
Мина одиграл 22 натпревари за младинските селекции на Шпанија.