Top Sport

Сантош ги уверува фановите: Роналдо уште е дел од португалската репрезентација

Кристијано Роналдо уште е дел од португалската фудбалска репрезентација и покрај отсуството на последните мечеви, вели селекторот Фернандо Сантош.

33-годишниот фудбалер на Јувентус последен пат играше за Португалија на Светското првенство во Русија, каде што беа елиминирани од Уругвај во осминафиналето, но и без него, репрезентацијата стигна до финалето на Лигата на нации, откако станаа првиот тим кој официјално се квалификуваше по 0:0 ремито со Италија во Милано.

Сантош вели дека нема сомнеж дека Роналдо е важен дел од неговиот тим, и покрај подолгата пауза.

„Не знам како да ве разубедам, но во мојата глава тоа е сигурно – Кристијано Роналдо е дел од овој тим“, вели Сантош.

Роналдо е лидер во Португалија по бројот на голови (85) и настапи (154), и само Иранецот Али Даеи (109) има повеќе голови во интернационалните мечеви.

Фото: ЕПА

Scroll to Top