Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош во најавата за мечот против Стбија не го криеше оптимизмот, но упати и пофалби за конкурентите.
„Очекувам дека Србите ќе бидат напаѓачки ориентирани. Екипата има невидена желба за победа. Се менуваше стратегијата на селекцијата на Србија во текот на квалификациите. Очигледно е дека имаат висок квалитет, добро циркулираат и трчаат. Двата тима ќе играат на победа, постојат различни калкулации во ситуација на реми“ рече селекторот Сантош.
Тој по шести пат Португалија ќе ја оди на еден меч со Србија, во претходните 5 дулеи има 2 реми и 3 победи.
„Одлично се познаваме, речиси еднаш годишно играме. Се работи за два тима со голем капацитет, јас сум уверен дека ќе победиме“ рече Португалецот.
Мечот се игра утре вечер од 20.45 часот. Портигалија е лидер на табелата поради подобрата гол разлика.