Top Sport

Сарабија: Победата против коронавирусот ќе биде најважниот триумф сезонава

Крилниот напаѓач на ПСЖ, Пабло Сарабија не размислува многу за фудбал. Лига 1 е прекината на 13 март, во момент кога ПСЖ е на врвот на табелата со +12 бода пред Олимпик Марсеј.

Сепак Шпанецот во редовите на францускиот шампион не размислува за продолжението од сезоната, туку здравјето го става пред се останато.

„Не сум загрижен околу продолжувањето на првенството, тоа не ме грижи. Првенствено мислам на моето семејство, а тогаш на се останато. Ситуацијата е критична и никој не е во состојба да процени дали сезоната ќе продолжи или не. Сега е потребно сите да се фокусираме на пандемијата, а победата во борбата со коронавирусот ќе биде најважниот триумф сезонава“ – вели Сарабија за „АФП“.

Изминатите денови актуелна тема беше намалувањето на платите на фудбалерите, а фудбалерите на повеќето големи европски клубови ги прифатија „резовите“.

„Се што е во наши раце, ако сакаме да помогнеме, ќе донираме“ рече Сарабија.

Минатата година 27-годишниот фудбалер од Севилја се пресели во редовите на ПСЖ и во дебитантската сезона во Франција постигна 14 гола.

Scroll to Top