Сараево и Вележ одиграа 1:1 на „Кошево“ во дербито на Босна и Херцеговина, во кое актуелниот шампион неуспеа да го победи својот стар ривал од Мостар.
Во 44. минута, по грешка на домашната одбрана, Брандао му асистира на Мехмед Чосиќ, кој ја смести топката во мрежата за изненадувачки 0:1. Сараево имаше подобар старт на второто полувреме, пред во 59. минута, конечно, да израмни преку Иван Јукиќ.
Двата тима се на средината на табелата со по 8 поени, иако Сараево има натпревар помалку.