Top Sport

Сари: Ако кажам што мислам за судијата, ќе ме суспендираат на шест месеци

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари признава дека неговиот тим ја „загубил главата“ при 1:3 поразот од Салернитана, но беше бесен на судијата откако му покажа жолт картон на Сергеј Милинковиќ-Савиќ по што клучниот играч на тимот ќе биде отсутен од дербито на Рим.

Пред овој меч на „Олимпико“, Лацио имаа шест меча во кои не примија гол во Серија А, и почнаа одлично поведувајќи преку Матија Ѕакањи, но се „распаднаа“ кратко по жолтиот картон на СМС, и на крајот примија три гола.

„Го имавме мечот во рака до израмнувачкиот гол, кој не фати неподготвен. Можеби помисливме дека мечот е готов и дозволивме да ја загубиме контролата. Мечот потоа се смени, судијата не успеа да го држи мечот мирен, но требаше да имаме сила да ги надминеме проблемите. Жолтиот картон? Та не беше ниту фаул, Милинковиќ-Сави веќе ја додаде топката, а другиот фудбалер задоцни и немаше шанси да се спречи судирот. Во 50 години гледање фудбал не сум видел ваков жолт картон за тим кој напаѓа. Ако кажам што навистин мислам, ќе ми дадат суспензија од шест месеци“, вели Сари.

Пред Лацио сега е клучна недела – прво гостуваат кај Феенорд во обид да се пласирааат во нокаут фазата во Лига Европа, а потоа ќе го играат римското дерби без Милинковиќ-Савиќ и повредениот Чиро Имобиле.

Scroll to Top