Top Sport

Сари: Играчите се некомпатибилни, невозможно е да се тренира овој тим

Маурицио Сари 13 месеци беше тренер на Јувентус, иако ја освои титулата во Серија А, не успеа да направи ништо во Лигата на шампионите. Откако испадна во осмина-финалето од Лион, клупските челници му врачија отказ.

Сари во текот на целиот мандат се жалеше дека во тимот има играчи кои не можат да се вклопат во неговата визија. Најчесто тоа се однесуваше на триото во нападот, каде не успеа да пронајде баланс помеѓу Кристијано Роналдо, Паоло Дибала и Гонзало Игуаин.

Кориере дело Спорт пишува дека Сари без голема драма го прифатил отказот, а од челниците на клубот Павел Недвед и Фабио Паратичи и Андреа Ањели се простил со неколку зборови.

„Дајте ми отказ, но овој тим е невозможно да се вогра. Играчите се некомпатибилни“.

Scroll to Top