Top Sport

Сари: Интер најверојатно е најдобриот тим во Серија А

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари смета дека Интер се „најверојатно“ најдобриот тим во Серија А во моментов, но верува дека неговиот тим може да го победи во петочната пресметка на „Олимпико“.

„Играме најверојатно со најдобриот тим во Серија А оваа сезона и сигурно физички најсилниот. Тие се огромни фаворити за скудетото, со фантастични дефанзивци и среден ред, а да не зборуваме за нападот. Иако и лани беа фаворити, скудетото беше одлучувано со детали. Мислам дека оваа година ќе се многу силни. Но, лани покажавме дека можеме да се бориме со нив во 90 минути“, вели Сари.

Лацио во октомври 2021 победи со 3:1, пред на гостувањето во Милано во јануари да загубат со тесни 2:1. Тренерот на Интер, Симоне Инзаги повторно се враќа на стадионот каде што помина поголемиот дел од фудбалерската и тренерската кариера.

„Навивачите треба да се сеќаваат на него со голема почит. Изнаги беше на високо ниво кога беше тренер на Лацио, и сега стана само уште подобар тренер во тим со поголем потенцијал“, вели Сари.

Scroll to Top