Маурицио Сари бара Јувентус да му ги исплати парите што требаше да ги заработи во наредните две години. Сари одбил да преговара околу начинот на исплатата.
Маурицио Сари пред десет дена доби отказ во Јувентус бидејќи не успеа да го мине Лион во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Искусниот тренер минатото лето го презеде Јувентус.
Сари бара Јувентус да му исплати 11 милиони евра. Минатото лето тој потпиша три годишен договор вреден 5,5 милиони евра по сезона.
Многу е веројатно Сари да остане на платниот список во Јувентус, односно иако нема да работи ништо ќе добива плата од клубот.