Top Sport

Сари нервозен што му префрлаат што нема италијански трофеи

Пред финалето на Копа Италија против неговиот поранешен клуб Наполи, тренерот на Јувентус, Маурицио Сари призна дека е „нервозен“ што критичарите постојано му префрлаат дека нема освоено ниту еден трофеј во Италија.

Сари беше именуван за тренер на Јувентус минатото лето откако ја освои Лига Европа со Челси, негов прв голем трофеј како тренер, и пред утрешното финале на „Олимпико“ признава дека лут.

„Ме нервира кога ќе кажат: ’Во Италија тој не освоил ништо’. Успеав осум пати да обезбедам влез во повисока лига и тоа со остварувања на теренот“, вели Сари.

Тој вели дека е свесен за квалитетите на Наполи, кои имаат само еден пораз во последните 10 меча и одат на прва титула од 2014 година, исто така пофалувајќи го Џенаро Гатузо за работата.

„Наполи секогаш се тежок противник. Солиден тим кој знае да го затвора просторот за игра и е опасен во контранападите. Не победија нас, Интер, а одиграа и реми со Барселона, така што знаат да играат на високо ниво. Многу ми се допаѓа Гатузо, бидејќи е директен и едноставен и не сум изненаден од успесите“, додава Сари.

Scroll to Top