Top Sport

Сари пред мечот со Лион: Не мислам дека тоа ќе ми е последен меч во Јуве!

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Маурицио Сари денеска изјави дека верува дека неговата иднина во клубот од Торино е сигурно без оглед на тоа дали „Старата дама“ ќе го елиминира Лион од ЛШ или не.

Јуве по деветти пат во низа ја освои титулата во Серија А, но медиумите на „Чизмата“ пишуваат дека управата на клубот размислува за промена на стратегот.

Јуве утре од 21 часот го игра реванш осминафиналниот меч од ЛШ против Лион, а по првиот дуел има негатива од 1-0.

„Не мислам дека тоа ќе ми е последниот меч за Јуве и не мислам дека нашите директори се аматери. Тие ќе дадат оценка на основа на целата сезона, независно од утрешниот резултат“ рече Сари на прес-конференција.

Италијанецот има уште две години од договорот со „црно-белите“ и има намера да го испочитува во целост.

Scroll to Top