Top Sport

Сари признава: Не знам како да го победам Гвардиола, прашајте некој друг!

Тренерот на Челси, Маурицио Сари има неславен скор против Пеп Гвардиола – никогаш не го победил тимот на Каталонецот и пред саботното дерби меѓу Челси и Манчестер сити вели дека треба да се праша некој друг за совет.

Челси ги пречекуваат лидерите во Премиер лигата на „Стемфорд бриџ“ во сабота во дуел кој може да го одреди остатокот од сезоната за „сините“, кои веќе заостануваат 10 поени зад Сити. По 12 меча без пораз на стартот на сезоната (нов рекорд за дебитант-тренер во Премиер лигата), Челси потфрли со резултатите и го загуби чекорот со Сити, и Сари признава дека нема одговор.

„Како можеме да ги победиме Сити? Навистина не знам! Против Гвардиола ги имам загубено сите мечеви, така што не знам. Треба да прашате некој друг“, одговори Сари на прес-конференцијата пред мечот.

Сити влегува во мечот без пораз во Премиер лигата и со победа на последните седум меча, и Сари вели дека се работи за најдобриот клуб во Европа.

„Мечот за нас е многу важен и ќе биде многу тешко да се игра против можеби најдобриот клуб во Европа. Долго време беше невозможно да се победат Сити, но во еден меч може да се случи сѐ“, додава Сари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top