Top Sport

Сари: Проблем со Лофтус-Чик? Ми се допаѓа таков проблем

Челси ја оствари и третата победа во Лига Европа, а против БАТЕ Борисов блескаше Рубен Лофтус-Чик. Англискиот репрезентативец постигна три гола. До овој меч Лофтус-Чик најчесто беше во втор план кај менаџерот Маурицио Сари, поради што медиумите шпекулираа дека меѓу нив двајца постои некаков проблем.

„Проблем со Лофтус-Чик? Ми се допаѓа кога имам таков проблем“, низ шега одговорил Сари на прашањето по дуелот со БАТЕ Борсов и дополнил.

foto: epa

„Одигра добар натпревар. Одчичен беше во нападот. И на почетокот на сезоната му кажав дека е добар играч. Истото мислење го имам и сега, а и успеа да му се прилагоди на мојот фудбал. Напредува, но мора уште многу да работи во одбраната“.

Делумно, Сари, открил колку ќе смета на услугите на Лофтус-Чик во продолжението на сезоната.

„Имам на две позиции четворица играчи, а дефанзивни карактеристики има само Канте. Тешко ми е да ставам толку офанзивни играчи во стартните 11. Се надевам дека ќе можам да го правам тоа во иднина. Но потребно е тие играчи да соработуваат, да ја подобрат својата играт во одбраната“, рекол Сари.

Челси по три кола во групата има девет бода, а по три собраа БАТЕ Борисов, ПАОК и Видеотон.

Scroll to Top